CEFTA BTI Database

12-025620/26-0002

North Macedonia Valid 9019209000************

Key facts

Validity period
21/05/2026 / 20/05/2029
Issuing date
-
Issuing place
Customs Administration Republic of North Macedonia
Issuing CEFTA Economy
North Macedonia
Language
Macedonian
Nomenclature code
9019209000************

Goods description

Хипербарична комора наменета за третман со кислородна терапија при зголемен амбиентален притисок на повеќе лица истовремено. Технички карактеристики: максимален работен притисок 2 бари (3 АТА), проектирана температура -10С / 50С, капацитет на главна комора 6 седишта, капацитет на предна комора 2 седишта, внатрешен дијаметар на комората 2200 mm, внатрешна должина на главната комора 2850 mm, внатрешна должина на предната комора 950 mm, внатрешна слободна висина 2020 mm, вкупна должина 4860 mm, вкупна ширина 2250 mm, вкупна висина 2320 mm, тежина 10 000 kg, материјал од кој е изработена комората – јаглероден челик согласно стандардот EN13445, електричен приклучок AC, 50/60 Hz и 220 V. Согласно доставената спецификација, предметната стока е составена од повеќе делови кои сочинуваат една функционална целина: - Позиција 1 и 3 - Главната и предната комората се опремени со следното: 6 + 2 eдинечни седишта, 3 придушувачи, 2 безбедносен вентил, 2 ЛЕД системи со ЛЕД светилки во форма на цевка прилагодени за употреба во хипербарични системи, 2 звучника, копчиња за итни случаи, 6 + 2 единици за дишење на кислород, 1 BIBS панел + 1 панел вградени над седиштето, комплет дистрибутивен канал со вентилатор на таванот за систем за климатизација, електронски противпожарен алармен систем, сет од материјали за цевковод (EN 13348) и електрично ожичување (EN 60332, EN 61034, EN 16081), систем за вакуумско вшмукување (аспирација). - Позиција 2 – Општ преглед на комората под притисок: 1 омега притисок, 2 врати, 1 комора за снабдување, 6 прозорци, 3 слепи прирабници за идни надградби, 2 вентили за итни случаи, заштита од корозија. - Позиција 4 - Систем за контрола на комората, мануелен и автоматски контролен систем опремен со: мануелен контролен систем - 1 контролен систем во комората, монометри за притисок во комората, 2 анализатори, 2 мерни уреди за проток, 1 мануелен изменувач на гас, 4 команди за довод и одвод на воздух, управувачки воздушен прекинувач, пневматски прекинувачи за активирање, прекинувач за дренажа на климатизација, интерфон, одвоен дел за работна маса; автоматски контролен систем: централна контролна станица, работна маса, компјутерски систем, монитор за прикажување на податоци, екран на допир за контрола на функции, помошен излез за воздух, 2 џојстици, систем за проверка на операторот, автоматски FFS копчиња, систем за автоматизирано третирање). - Позиција 5 - Систем за надзор опремен со: 6 IP камери, 1 монитор во боја, 1 видео рекордер. - Позиција 6 - Дигитален систем за забава: 1 Wi–Fi конекција, 1 екран, 1 ТВ екран. - Позиција 7 - Систем за климатизација: 1 разладувач и 1 контролен панел за климатизација. - Позиција 8 – HIPERTECH Систем за гаснење пожар и двоен систем за противпожарна заштита: 2 резервоари за вода (1000lt + 500lt), 3 HP регулатори, 3 HP цевки за притисок (200 бари), систем за детекција и активирање, 3 рачни противпожарни апарати и сет цевки. - Позиција 9 - Систем за обезбедување кислород & воздух: компресор со низок притисок, 2 резервоари за воздух со низок притисок (2000lt), 1 филтер и сушач на воздух, 2 кислородни генератори, 2 кислородни резервоари), засилувач на кислород. - Позиција 10 - Дополнителни работи кои ги содржи комората се: 1 хипербарична компатибилна носилка, 3 персонални таблет екрани со пристап до дигиталниот систем за забава, уред за мерење на витални знаци.

Justification

Основни правила 1, 3 (б) и 6 за примена на Царинската номенклатура, Забелешка 3 од Глава 90, Забелешка 4 од Оддел XVI, наименувание на тарифен број 9019 и Коментар на ХС за тар. број 9019.

EU keywords

-

National keywords

-

Uploaded Documents

No documents attached