12-072299/24-0004
Key facts
- Validity period
- 11/03/2025 / 10/03/2028
- Issuing date
- -
- Issuing place
- Customs Administration Republic of North Macedonia
- Issuing CEFTA Economy
- North Macedonia
- Language
- Macedonian
- Nomenclature code
- 8415810000************
Goods description
Топлинската пумпа работи на принципот воздух-вода, истата е ефикасно решение за топла вода за домаќинство. Се состои од компактна надворешна единица за топлинска пумпа и внатрешена единица (котел) резервоар за топла вода за домаќинство. Топлинската пумпа ја пренесува енергијата од надворешниот воздух и ја користи за загревање на водата во резервоарот. Оваа топла вода потоа може да се користи за снабдување со вода за тушеви, чешми и домашни апарати. Само 3 часа се потребни за да се загрее полн резервоар со вода на температура до 55°C (или до 75° со дополнителено вграден електричен грејач на резервоарот кој може да се вклучи). Постојат два вида на резервоари од 190 литри или 270 литри кои лесно се интегрираат со постоечките цевководи, радијатори и подно греење. Резервоарот зафаќа простор помал од 60x60cm и е компактен како стандарден кујнски кабинет. Надворешна единица за топлинска пумпа е составена од следните делови: компресор, испарувач, експанзионен вентил, четворокрак вентил, сервисен вентил, вентилатор, предна решетка на вентилатор, перка на вентилатор, мотор, терминална табла, терминална плоча, основа, преден капак, заден капак, страничен капак. Димензии (Hx L x D): 548x841x335mm и тежина од 32.5kg.Топлотната пумпа работи на еколошки фреон R32. Производот има капацитет на греење 3.5 kW. Надворешната единица е поврзана со фреон цевки со разменувачот во внатрешната единица. Уредот за топла вода може да се управува преку контролниот екран на уредот или може да се поврзе и со систем MODBUS за домашна автоматизација.
Justification
Основни правила 1 и 6 за примена на Царинската номенклатура, Забелешка 3 од Оддел XVI, наименувание на тарифен број 8415 и тарифен подброј 8415 81 00 00 и Коментар на ХС за тар. броеви 8415 и 8418
EU keywords
-
National keywords
-
Uploaded Documents
No documents attached