Customs
In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy.
Procedures include but are not limited to:
1.The location of customs clearance offices;
2.The working hours in each office;
3.The procedures to follow based on the destination of your goods;
4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination;
5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case;
6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods;
7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs;
8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories.
In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different economies before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these economies. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.
Закони и подзаконски акти | |
Постапката на привремено чување на стока се применува согласно Царинскиот закон (чл. 60-63), Службен весник на РМ 39/05, 04/08, 158/10 и 44/11, 53/11 и 11/12, Уредбата за спроведување на царинскиот закон (чл. 96-100). | |
Постапка | |
Стоката ставена на увид на царински орган, има третман на привремено чувана стока се до моментот на одредување на царински дозволено постапување или употреба на стока. Привремено чуваната стока се чува само на места одобрени од царинскиот орган и на начин определен од тој орган. Условите што треба да ги исполнуваа просториите за привремено чување на стока се подетално опишани во Упатството за простории за привремено чување. Привремено чувана стока може да биде предмет само на форми на ракување кои обезбедуваат одржување на стоката во непроменета состојба. Царинскиот орган може да бара лицето кое ја поседува стоката да поднесе гаранција за обезбедување на плаќањето на царинскиот долг кој може да настане од оваа постапка. | |
Збирна/колективна декларација | |
Стоката се сместува во просторија за привремено чување врз основа на збирна декларација. Збирната декларација е документ кој се употребува за евиденција на стоката која е неопходна за сите мерки и постапки за надзор врз стоката во привремено чување. Збирна декларација поднесува лице кое поседува одобрение за просторија за привремено чување или лице кое истовремено бара одобрение за просторија за привремено чување. Збирната декларација мора да се поднесе во една од следните форми: • лист 4 од транзитната декларација во форма на единствениот царински документ ЕЦД (Т1), • лист 4 од транзитната декларација во форма на ЕЦД (Т1) придружен со ЕЦД-БИС • лист 4 од транзитната декларација во форма на ЕЦД (Т1) придружен со товарници. За привремено чуваните стоки за кои е поднесена збирна декларација, рокот во кој треба да бидат превземени неопходните формалности за дозволено царинско постапување или употреба е 20 дена од денот кога е поднесена збирната декларација. Може да се определи пократок рок врз основа на сознанијата на царинскиот орган или по барање на подносителот. Исто така, може да се определи продолжување на рокот за 10 дена врз основа на писмено барање со оправдано образложение, поднесено од страна на сопственикот на стоките или лицето кое има право на располагање со стоките. Постапката на привремено чување на стоката завршува кога до надлежниот царински орган се достават потребните документи за пуштање на стоката во слободен промет или ставање на стоката во друга царинска постапка. Овие документи подетално се наведени во подзаконскиот акт за привремено чување. | |
Документи | |
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11) Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12) | |
Контакт | |
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ЦАРИНСКА УПРАВА Лазар Личеноски 13 1000 Скопје Македонија тел.: +389 23 116 188 факс: +389 23 237 832 e-mail: info@customs.gov.mk web: www.carina.mk |