BCC/CCP police control

In this part of the CEFTA Trade Web Portal you will find the procedures that apply to foreigners entering the economy in each CEFTA Economy. Border control procedures are divided into two parts: visa requirements and working permits. This trade portal only includes border procedures for citizens from CEFTA Economies. These include: 1.Border crossing procedures for citizens from other CEFTA Economies; 2.Visa regulations and fees for citizens from other CEFTA Economies; 3.Working permits for citizens from other CEFTA Economies; 4.Documents for obtaining working permits in the respective CEFTA Economy. If you would like to know more about border crossing procedures, please refer to the respective links under the section for border control for each Economy.




Закони и подзаконски акти

Работната дозвола е документ врз основа на кој домашен или странски работодавач склучува договор за вработување, работа или некој друг ангажман со странец во согласност со Законот за вработување и работа на странциСлужбен весник на РМ 70/07; 05/09  и 35/10.

Квоти

Вработувањето на странци во Република Македонија се врши во согласност со квотите определени од страна на Министерството за труд и социјална политика/Агенција за вработување врз основа на состојбата на пазарот на труд.

Само во исклучителни случаи, наведени  во Прирачникот за визи и работни дозволи, дозволата за вработување може да биде издадена без оглед на условите на пазарот на трудот (за вработување на спортисти, уметници, научници, итн.).

Дозволи за работна

Постојат три видови на работни дозволи:

- Лична работна дозвола
- Дозвола за вработување
- Работна дозвола

Работните дозволи се издаваат за различни временски периоди во зависност од целта за која е издадена. На странец може да му биде издадена работна дозвола само од еден тип за определен временски период.

Лична работна дозвола

Секој странец кој има намера да основа приватна компанија самостојно или со друго лице, како и странец кој има намера да води самостоен бизнис или е самовработено лице, потребно е да обезбеди лична работна дозвола. Личната работна дозвола за издава во рок од 60 дена од доставувањето на комплетната документација. Личната работна дозвола важи 1 година.  

Дозвола за вработување

Дозволата за вработување е дозвола која се издава за вработување на странец на неопределено време во земјата, кога работното место не може да биде пополнето на домашниот пазар на работна сила. Дозволата за вработување се издава во рамките на определената квота за вработување на странци. Дозволата за прво вработување се издава за период од 6 месеци со можност за нејзино продолжување до една година, без дополнителни процедури. Дозволата за вработување се издава во рок од 50 дена од доставувањето на комплетната документација.

Работна дозвола

Работната дозвола е вид на дозвола за работа која важи за определен временски период, врз основа на која странецот може да оствари привремено вработување во Република Македонија, согласно целта на дозволата.  Работната дозвола може да биде за:

1. Работа на назначени странски работници
2. Обука и усовршување на странци
3. Сезонска работа на странци
4. Работа на странски претставници
5. Поединечни услуги од странци

Во случај на несезонска работа, согласно Законот за вработување и работа на странциСлужбен весник на РМ 70/0705/09 и 35/10, работната дозвола се издава за периодот наведен на барањето од страна на работодавачот, а периодот зависи од типот на работната дозвола.
Дозволата за вработување се издава во рок од 45 дена од доставувањето на комплетната документација.

Издавање на дозволите за работа

Лична работна дозвола

Пријавата за лична работна дозвола се  доставува во дипломатско или конзуларно претставништво на Република Македонија (образец Nr. RD-1/3). Пријавата треба да содржи податоци, документи и докази за видот на активноста што ја врши странецот, локација и период на извршување на активноста, квалификации, вклучително и бизнис план за само-вработување со прилози за инвестицијата и економската корист на земјата, бројот на нови вработувања, како и расположивите финансии за реализација на активноста.

Дозвола за вработување

Предуслов за дозволата за вработување е позитивен одговор од македонската Агенција за вработување на барањето од работодавачот за потребата од вработување на странец. После даденото одобрување од страна на Агенцијата, работодавачот може да ја започне процедурата за пополнување на работното место. По селекцијата на кандидатите, завршувањето на изборот и потпишувањето на договорот за работа, Агенцијата за вработување издава заверена копија од барањето за работна дозвола.

Работодавачот до странецот доставува копија од завереното барање од страна на Агенцијата за вработување, после што, странецот може да ја започне соодветната процедура во дипломатското или конзуларното претставништво на Република Македонија во неговата земја или во земјата на престој. Пријавата за дозвола за вработување се доставува од страна на избраниот кандидат (странец) во дипломатското или конзуларното претставништво на Република Македонија на образец Nr. RD-2/1. Поднесената документација треба да го содржи завереното барање за вработување на странец од страна на работодавачот, како доказ за одлуката на работодавачот да го вработи кандидатот.   

Лице одговорно за известување за почетокот и крајот на вработувањето на странци е работодавачот кој воспоставува таков работен однос. Работодавачот ја известува Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Работна дозвола

Процедурата за издавање на работна дозвола започнува после селекцијата на кандидатите, завршувањето на изборот и потпишувањето на договорот за работа. Врз основа на склучениот договор за работа, Агенцијата за вработување издава заверена копија од барањето за работна дозвола.
Работодавачот до странецот доставува копија од завереното барање од страна на Агенцијата за вработување, после што, странецот може да ја започне соодветната процедура во дипломатското или конзуларното претставништво на Република Македонија во неговата земја или во земјата на престој. Пријавата за дозвола за вработување се доставува од страна на избраниот кандидат (странец) во дипломатското или конзуларното претставништво на Република Македонија на некој од обрасците од RD-3/1 до RD-3/9, согласно намената. Поднесената документација треба да го содржи завереното барање за вработување на странец од страна на работодавачот, како доказ за одлуката на работодавачот да го вработи кандидатот.

Документи

 Закон за странци на Република Македонија

Закон за вработување и работа на странци

Закон за вработување и работа на странци – измени 1

Закон за вработување и работа на странци – измени 2

Визен режим на Република Македонија

Документи расположиви само на англиски јазик:
A Guideline for Visas and Working Permits

Контакт

Министерство за надворешни работи на Република Македонија
Даме Груев 6
1000 Скопје
тел: +389 23 115 266
факс: +389 23 115 790
e-mail: vizencentar@mfa.gov.mk
web: www.mfa.gov.mk

Агенција за вработување на Република Македонија
Васил Ѓорѓов 43
1000 Скопје
тел: +389 23 111 850
факс: +389 23 111 856
e-mail: info@avrm.gov.mk
web: www.avrm.gov.mk