Customs

In this part of the CEFTA Web Portal you will find the most important customs import/export procedures separately for each CEFTA Economy. Procedures include but are not limited to: 1.The location of customs clearance offices; 2.The working hours in each office; 3.The procedures to follow based on the destination of your goods; 4.The documents to present to customs authorities for obtaining approval for the relevant destination; 5.The officially approved documents given to you by customs authorities in each case; 6.The procedures followed by customs authorities for calculating the customs value of your goods; 7.The definition of rules of origins determining customs preferential or non preferential tariffs; 8.The Free Trade Agreements signed by each CEFTA Economy with the other signatories. In cases where the final destination of goods is one of the CEFTA Economies, please refer to the import procedures section of this Economy on this portal. In cases where goods transit through different economies before arriving to their final destination, please refer to the transit procedures of these economies. If goods exit one of the CEFTA Economies included in this site, please refer to the export procedures for the relevant Economy.




Процедура за увоз

Со постапката на увоз, царинскиот орган одобрува странска стока да се пушти во слободен промет во Република Македонија. Увозот вклучува примена на формалности за увоз и внесување, мерки на трговската политика и плаќање на увозните и други давачки, согласно прописите. Увозот може да го врши самиот увозник или негов застапник , со полномошно  дадено од увозникот.

Увозот на стоки се врши согласно Царинскиот закон (Службен весник на РМ 39/0504/08158/10 и 44/1153/11 и 11/12) и Уредбата за примена на царинскиот закон (Сл. весник на РМ 66/05).

Документи, уверенија и декларации што се користат при процедурата за увоз

При увоз на стока во Република Македонија, потребно е да се приложат следните документи:

1.Царинска декларација
Царинската декларација претставува основен документ кој се приложува при увоз на стоки. Кога со една царинска декларација е опфатена стока која се распоредува во две или повеќе тарифни ознаки од царинската тарифа, податоците за секоја поединечна тарифна ознака се сметаат за посебна декларација. Службен образец на царинската декларација претставува единствениот царински документ (ЕЦД). Неговата форма е пропишана со Уредбата за примена на царинскиот закон. ЕЦД е наменет за спроведување на царинската постапка при увоз и извоз. Со Правилникот за пополнување на ЕЦД (Сл. весник на РМ 97/05);147/08; и Одлука 11-13822/1 од 2009 се определени листовите од ЕЦД кои што се користат при увоз на стоки и детално е пропишан начинот на пополнување. Единствениот царински документ се поднесува во писмена или во електронска форма до надлежниот царински орган.

2.Куповна фактура
Куповната фактура е документ со кој се докажува купувањето на стоката од странство. Фактурата ја издава непосредниот продавач од странство или агент кој посредувал при купопродажбата. Во случај на купопродажба преку агент, потребно е во фактурата јасно да се назначи куповната цена на стоката и провизијата на агентот или да се достават две фактури: фактурата на продавачот како потврда за цената и фактурата на агентот за провизијата. Царинската управа на Македонија признава само оригинални фактури – профактури и копии од документите не се признаваат. Во исклучителни случаи кога постојат реални околности заради кои на увозникот му е потребно време за да ги добие оригиналните документи, стоката може да се увезе по поднесување на гаранција за царинските долгови кои би можеле да настанат од увозот.
Нема пропишано стандарден формат на фактурата, меѓутоа истата треба задолжително да ги содржи следните елементи: наслов “фактура“, број и датум, посочување на поврзани документи (број на договор, профактура, испратници, итн), име и адреса на продавачот, име на примачот (во случај да не е декларантот), опис на стоката (според тарифно распоредување, комерцијално/трговско име и/или техничка шифра и име), единечна цена и вкупна цена, одобрени попусти и релевантни износи, паритети (услови на испорака), единица мерка на стоката, бруто и нето тежина, држава на потекло, потпис и печат на продавачот кој ја издал фактурата. Покрај овие, фактурата може да содржи и други елементи кои подетално ги објаснуваат квантитативните и квалититивните карактеристики на стоката. За веродостојноста на податоците наведени во фактурата гарантираат и одговараат продавачот и купувачот. Фактурата може да биде напишана на компјутер, машина за пишување или рачно. Во случај на рачно напишана фактура, истата треба да е читлива и јасна за да се прифати како валиден документ.

3.Документ за превоз на стоката
Документот за превоз го издава превозникот кој го врши превозот на стоката. Документот треба да ги содржи следните елементи: наслов „документ за превоз“, датум и број, име и адреса на превозникот, име и адреса на купувачот од Македонија, име и адреса на продавачот или посредникот (агентот) од странство, опис на стоката (според тарифно распоредување, комерцијално/трговско име и/или техничка шифра и име), единица мерка, количина, единечна цена и вкупна цена, нето и бруто тежина на стоките и вкупна нето и бруто тежина на превозното средство, потпис и печат на превозникот. Меѓународните документи за патен превоз може за бидат CMR или TIR дозволи или други дозволи од овластен шпедитер кои треба да ги содржат наведените елементи. Македонија е потписник на Конвенциите ТИР и АТА Карнет. При авионски и железнички превоз на стоките се поднесуваат авионски или железнички товарни листови, соодветно.

4.Товарен лист или манифест на стоката
Товарниот лист или манифестот на стоката вообичаено ги придружува транспортните документи и содржи детален опис на стоките и нивната амбалажа. Кога се работи за увоз на еден вид на стока, тогаш нема потреба од товарен лист, туку е доволен описот на фактурата или на транспортниот документ.

5.Уверение за потекло на стоката
Уверението за потекло на стоката не е задолжителен документ при увозот на стоки. Истото е потребно доколку со договорите кои Република Македонија ги склучила со други земји е предвидено при увозот во Република Македонија да се одобри преференцијален тарифен третман на стока со потекло од тие земји. Уверението за потекло треба да биде издадено од надлежен орган во соодветната земја. Повеќе информации во однос на потеклото на стоките се дадени во соодветната секција подолу.

6.Ветеринарни или фитосанитарни уверенија

Кога се увезуваат животни, стоки од животинско потекло и нивни преработки, како и семиња, растенија и поврзани производи, задолжително е стоките да имаат уверенија за ветеринарна или фитосанитарна исправност од надлежните органи од земјата на увоз. Повеќе информации во однос на ветеринарните или фитосанитарните уверенија се дадени во соодветната секција подолу.

Посебни услови при процедурата за увоз

Дозволи за извоз
За извоз на определени производи, неопходно е да се обезбедат дозволи и одобренија за извоз од надлежните органи (Министерство за економија, министерство за животна средина, министертво за култура, итн.). Стоките за кои што се потребни дозволи за извоз се детално наведени во Одлуката за распоредување на стоки на форми за увоз и извоз.

Документи

Застапување при извоз
Полномошно за застапување при извоз

Царински закон на Република Македонија (Сл. весник 39/05)
>Измени и дополнувања на Царинскиот закон (Сл. весник 04/08)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 158/10)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. весник 44/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 53/11)
Измени и дополнувањa на царинскиот закон (Сл. Весник 11/12)

пополнување на ЕЦД
Одлука за распоредување на стоки на форми за увоз и извоз

Контакт

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
– ЦАРИНСКА УПРАВА
Лазар Личеноски 13
1000 Скопје
Македонија

тел: +389 23 116 188
факс: +389 23 237 832
e-mail: info@customs.gov.mk
web: www.carina.mk